Туфекчиќ: Тарчуловски без срам не реагира и на навредите кон градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Јавноста вчера беше сведок како Јохан Тарчуловски планирал за едни да има, а за други да нема канализација и одвод во општината Кисела Вода, истакна пратеничката од СДСМ, Ивана Туфекчиќ.

– Тој вели дека граѓаните на Црниче и Пржино не ги заслужиле ваквите услуги бидејќи не гласале за ВМРО ДПМНЕ. Од човек кој е познат насилник, осуден за воени злосторства и еден од организаторите на крвавите настани од 27 април, не може ништо друго да се очекува освен дискриминација, омраза и поделби. Видеото докажува дека ВМРО-ДПМНЕ немаат направено ништо ни за Припор, а тоа го признаваат и самите жители кои јавно кажуваат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ не сторила ништо за нив – тврди Туфекчиќ.

Според неа, и покрај тоа што граѓаните гласале за ВМРО-ДПМНЕ тие се незадоволни бидејќи ДПМНЕ ги игнорирале нивните потреби.

– Таквиот тренд продолжува и на овие избори, кога Јохан дрско и безобразно ги уценува граѓаните да гласаат за него и неговата партија. Дека Тарчуловски е човек без срам и морал, докажува и тоа што на видеото се гледа како тој не реагира на навредите кон неговата сопартијка Билјана Беличанец – додава пратеничката на СДСМ.

 

 

Поврзани новости