ЦУК: Изгаснати најголем дел од пожарите што беа активни

by Fokus

По врнежите кои од утрово ја зафатија територијата на земјата, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во близина на манастирот Трескавец е под контрола.

На терен има екипа од противпожарна единица Прилеп. Од ЦУК велат дека пожарот е далеку е од манастирот Трескавец и нема опасност по него. И пожарите кај село Никодин, село Норово и на Бистра планина се под контрола, наведуваат од ЦУК.

Поврзани новости