ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме насилно преземање на власта!

by Фокус

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница му дал целосна и безрезервна поддршка на лидерот Никола Груевски, партискиот Извршен комитет како и на Владата во, како што соопштија од партијата, справувањето со предизвиците наметнати од неодговорното однесување на СДСМ.

„ЦК без никаква дилема упатува јасна порака до сите дека нема да дозволи спроведување на туѓи сценарија, дестабилизација на државата и насилно превземање на власта спротивно од волјата на мнозинството граѓани. Сите оние што наумиле да ја воведат државата во такви сценарија добро е со време да се откажат“, стои во соопштението.

Притоа, ЦК апелира до сите членови, симпатизери и поддржувачи на ДПМНЕ да не наседнуваат на провокации, туку во збиени редови да застанат во одбрана на достоинството и честа на државата и нејзините национални интереси, а функционерите, пак, да продолжат да работат исклучиво во интерес на граѓаните, да креираат нови проекти и да создаваат услови за нови работни места.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на неговиот фејсбук профил напиша дека за разлика од јавноста и отвореноста на седницата на Централниот одбор на СДСМ, кој во проширен состав ја донесе одлуката за се објават материјалите во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, за седницата на ЦК на ДПМНЕ, освен сооопштението, нема ниту еден доказ дека се оддржала, како слики, изјава…

Поврзани новости