Цивил: Партиите да го поддржат предлогот на Ванхауте за медиумите

by Фокус

Невладината Цивил категорично бара од политичките партии вклучени во преговорите за надминување на политичката криза во земјата да постигнат договор за ослободување на медиумите од партиските стеги и во таа насока го поддржуваат предлогот на меѓународниот посредник Питер Ванхауте за регулирање на медиумите.

„Претставниците на власта и нивните медиумски послушници и сурогат организации да се воздржат од дрскиот и дисквалификаторски вокабулар насочен против граѓанското општество, слободните медиуми, против меѓународниот посредник Ванхауте и меѓународната заедница воопшто. Со своите настапи во јавноста во која се однесуваат грубо и антидемократски, тие само дополнително го уриваат угледот на РМ и предизвикуваат дополнително продлабочување на кризата, наместо нејзино надминување“, стои во соопштението на Цивил.

Поврзани новости