Цивил: Мирно се прегласува во Чаир

by Fokus

Мирен и навремен почеток на прегласувањето на избирачкото место 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир, е констатацијата на набљудувачите на ЦИВИЛ.

На ИМ 2901 во Чаир гласале 48 граѓанки и граѓани до 10.20 часот. Со двете лица кои се пријавиле како болни и гласале во текот на вчерашниот ден, бројот на гласачи кои го оствариле своето право на глас утрово е вкупно 50.

Во вториот круг локални избори во оваа избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими. По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.

ЦИВИЛ ќе го набљудува спроведувањето на прегласувањето на ова избирачко место и ќе ја известува јавноста во текот на целиот ден.

Граѓанките и граѓаните и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности можат да ги пријават на телефонските броеви 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн формуларот www.slobodniizbori.

Поврзани новости