ЦИВИЛ: Гласачки ливчиња неосновано се прогласуваат за неважечки

by fokus

Центарот за слобода-ЦИВИЛ бара Државната изборна комисија одново да ги преброи гласовите и да овозможи увид пред домашните и странските набљудувачи.

-Катастрофалната состојба на Избирачкиот список оневозможи голем број граѓанки и граѓани да го остварат своето гласачко право. Фантоми и починати лица гласаа, а живи луѓе не можеа да гласаат. Државната изборна комисија (ДИК) не успеа да им го овозможи правото на глас на сите граѓанки и граѓани со право на глас. Одговорните за оваа состојба мора да се соочат со последиците од хаваријата на Избирачкиот список и кршењето на правото на глас…

При броењето на гласовите, за неважечките ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите. Оружено насилство на денот на гласањето не се нотира во ниту еден извештај од теренот. Врз основа на првичните анализи, ЦИВИЛ јавно ги упатува следните препораки и барања до ДИК и другите надлежни институции:

Повторно, целосно пребројување на гласовите; ДИК да овозможи увид во пребројувањето на гласовите и избирачкиот материјал на заинтересираните домашни и странски набљудувачи; Прегласување во Избирачките места во кои е забележано сериозно кршење на гласачкото право и изборните процедури; Членовите на Избирачките одбори за кои ќе се утврди дека непрофесионално и неетички ја извршиле задачата или имале конфликт на интереси, да го изгубат правото да бидат избирани на таа позиција во наредниот изборен процес – велат од Цивил.

Поврзани новости