ЦИВИЛ бара ДИК да ја преиспита одлуката за теренска проверка на само една третина од спорните гласачи

by Фокус

Теренска проверка на Избирачкиот список се чини неопходна особено сега, кога резултатите од вкрстената проверка на податоците се фрапантни и претставуваат непријатно изненадување за целата јавност, реагира НВО ЦИВИЛ.

„Наспроти почетниот импулс со кој ДИК ги оправда надежите дека, конечно, се работи на вистинско прочистување на Избирачкиот список, со одлуката теренски да се проверат само една третина од спорните гласачи се фрла нова сенка на овој процес. Последната одлука на ДИК за делумна теренска проверка со мали размери, остава сомнеж дека се спасија дел од фантомските гласачи за кои гласно говоревме веќе неколку години. Затоа, ДИК треба да ја преиспита и да донесе одлука која ќе влее доверба во тоа што го прави оваа институција“, соопштија од невладината организација.

Поврзани новости