Ципрас за денешниот протест: Милионите на Самарас останаа само желба

by fokus

„Земјотресот“ и милионите демонстранти останаа само желба на организаторите, експремиерот Андонис Самарас и на лидерот на опозициската Нова Демократија Кирјакос Мицотакис, се вели во соопштението од Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешниот антимакедонски протест во Грција.

-На собирот, очекувано, имаше неколку илјади граѓани. ’Земјотресот‘ и милионите демонстранти измислени од организаторите и Самарас и Мицотакис, кои сакаа да го присвојат собирот, останаа само желба. Владата се води од принципот на патриотски интерес, умереност, внимателност и истрајност и преку јасни позиции, кои имаат за цел соработка, меѓусебно разбирање и заеднички развој. Огромното мнозинство од грчките граѓани, кои го гледаа собирот на телевизија, без разлика на нивните ставови, се сплотени во вербата дека големите прашања од надворешната политика не треба да се решаваат со фанатицизам и нетолеранција, се вели во соопштението.

Поврзани новости