Целосно изгоре училиштето во тетовско Ново Село

by fokus

Во пожар што избувнал денеска попладне целосно изгорело ОУ „11 Октомври“ во тетовско Ново Село 2, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во пожарот нема повредени. Опожарено е и едно возило што било паркирано во блзина на училиштето.

Како што информираше Јосифовски, директорот на училиштето околу 13:45 часот во полициската станица Камењане пријавил дека гори покривната конструкција од училиштето што било потврдено од полициска екипа која веднаш била испратена на местото на настанот.

Поврзани новости