Царовска: За посвојување деца одлучувале нестручни лица на кои Диме Спасов им давал високи хонорари

by fokus

Во Министерството за труд и социјала се делеле високи хонорари на вработени кои парите ги добивале паралелно со платите. Станува збор за вработени раководители на сектори, државни советници, луѓе од кабинетот на екс министерот Диме Спасов. Висината на нивните хонорари ја утврдувал екс министерот Спасов. Министерката Мила Царовска за НОВА обелодени дека станува збор за нестручни луѓе кои биле ставани во комисии кои одлучувале за суштински прашања како што е посвојувањето на деца, на пример.

-Не може во комисија за посвојување да биде мојата шефица на кабинет, на пример или некој што нема допирна точка со општествени науки. Во ова Министерство не се градело, туку се рушело во изминатите 11 години. Таму има државни советници кои не ја разбираат проблематика. Освен платата некои вработени во администрацијата добивале хонорари од разни проекти, комисии, а парите ги добивале паралелно со платата. Тоа е недозволиво, администарцијата треба да работи за плата. Дополнителните хонорари може да бидат искористени за услуги кои тоа Министерство ги нуди и ако ги сумираме цените, може да отвориме и некој сервис. Како пример, само едно лице за четири месеци ангажман во таква комисија земало  сума од 235 000 денари“, изјави за НОВА министерката Царовска.

Станува збор за буџетски средства, како и пари добиени од проекти од меѓународната заедница.

Повеќе од раговорот со Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика можете да гледате во недела во емисијата ПРОЦЕС на НОВА.

Поврзани новости