Цаноски до Груевски: Ќе се видиме на суд Никола, вистината е како шило

by fokus

Фијат Цаноски вечерва реагираше на изјавата на Никола Груевски дека тој ништо не направил за уривање на комплексот „Космос“.

-гледам Никола Груевски на ТВ Нова како се брани со лаги, како јас сум признал дека Космос бил дивоградба. Ќе се видиме на суд Никола ама овој пат ти како обвинет, а јас како оштетен и таму ке ги видиш вистинските вештачења.Ти викаше дека вистината е како шило и навистина е како шило како што те гледам на ТВ Нова овој пат на тебе ти тече низ ногавиции секако признавам дека ќе одиш во затвор, напиша Цаноски.

Поврзани новости