Тројца полицајци повредени во немирите во Бутел

by Фокус

Тројца полицајци се повредени во вечерашниот обид на група Македонци да го пробие полицискиот кордон на местото каде што протестираат активисти на ДУИ против изградба на крст во Бутел.

Од полицијата информираат дека околу 20 часот вечерва групата фрлала тврди предмети врз полицијата при што се повредени тројца полицајци. Двајца од нив се пренесени во Ургентниот центар и се жалат на повреда на глава и рака, а третиот е лесно повреден и се уште е на позицијата во Бутел. Се уште не е познато колкава е тежината на повредите.

Од МВР велат дека моментално состојбата е под контрола, но на местото се уште се наоѓаат двете групи.

Вечерва целосно е блокиран сообраќајот во Бутел.

Поврзани новости