Три кучиња од Струга својот дом го најдоа во Холандија!

by Фокус

Во период кога низ улиците на Струга се врши масовно труење на незгрижените кучиња, три кучиња успеаjа својот дом да го најдат дури во Холандија. И покрај сите процедури потребни за овие кучиња да стигнат до својот дом, здружението Animal World со подршка од холандските државјани успеаја во својата замисла – Марта, Пипа и Жорже сега се холандски државјани.

“Во период кога свеста меѓу граѓаните за вдомување нерасни кучиња е на многу ниско ниво и кога немаме никаква подршка од одговорните институции за хумано справување со проблемот на бездомните животни, ова претставува единствена опција. Срамота е едно општество кое се стреми кон Европа се уште да користи нехумани методи за справување со попуплацијата на бездомните животни. Да се надеваме дека и многу други кучиња ќе ја имаат истата среќа како Марта, Пипа и Жорже” – велат од здружението Animal World.

Поврзани новости