Три дена ниту трага, ниту глас од Грујевски и Бошковски

by fokus

И по три дена интензивна потрага, од Грујевски и Бошковски ниту трага ниту глас. Во изминатите два дена се пребаруваат повеќе локации во Маврово и Скопје, како и други места за кои постојат индиции дека би можеле да се кријат двајцата осомничени, брифираат извори вклучени во потрагата за Тв 24.

По поранешниот началник на петтата управа во УКБ, Горан Грујевски и неговиот соработник Никола Бошковски трага и Интерпол, откако македонската полиција распиша меѓународна потерница.

Министерот Спасовски побара да се испита зошто налогот за приведување од судот до МВР патувал дури четири часа, но и зошто судиите не побарале мерки за следење на осомничените.

„Се остави многу време за да можат осомничените слободно да се движат, притоа ниту обвинителот, ниту судот даде било каква друга мерка  за обезбедување, дали на следење или на било што друго,  што е предвидено врз основа на Законот за кривична постапка“, изјави министерот, Оливер Спасовски, на вчерашното гостување во дневникот на Тв 24.

Поврзани новости