Тренерот по бокс на Груевски по 40 години си даде отказ од Клиниката за Токсикологија

by Fokus

Миле Смилевски, познат во јавноста како тренер по бокс на екс премиерот Никола Груевски си дал отказ на скопската Клиника за Токсикологија, откако дошло новото раководство, потврди директорот Нико Беќаровски. Тој додава дека Смилевски кој работел како главна сестра на клиниката, прво земал боледување, па го користел годишниот одмор и на крај си дал отказ.

Откако јас станав директор, Смилевски од 7 јули до 10 август беше на годишен одмор, потоа веднаш зема боледување, кое траеше се до моментот додека не си даде отказ. Како образложение за неговото заминување беше дека си нашол друга работа – истакна Беќаровски.

Тој на клиниката првично работел како болничар, а дури од таму го преставуваат и како еден од нејзините основачи. Во 2007 година, само една година по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт неговата кариера тргнува по нагорна линија. Тој експресно е унапреден и станува раководител на медицинските сестри и техничари. Во меѓувреме добива и друга функција, станува член на Управниот одбор на клиниката каде што тројца надворешни членови се избираат и именуваат по предлог на Владата, додека другите двајца внатрешни членови ги избира клиниката.

И.М.

Поврзани новости