„Трансверзалец“ бара од планинарите за сега да се воздржат од изјави

by fokus

Планинарското друштво „Трансверзалец“ со статус на својот фејсбук пејџ им порачува на планинарите за сега да се воздржат со изјави во врска со трагедијата на Кајмакчалан каде загинаа двајца млади луѓе.

„ДПС Трансверзалец ги замолува сите планинари да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан до објавување на официјален извештај“, велат од таму.

Ова е прва порака која ја испрати планинарското друштво откако се случи трагедијата. Од таму вчера за „Фокус“ најавија дека ќе излезат на прес конференција најверојатно овој петок и дека до тогаш нема да даваат коментари за медиумите.

Во меѓу време се појавија информации дека водичите на планинарското друштво не биле обучени за зимски тури и дека групата од 50 лица немала доволно водичи. Дел од луѓето барале да се откаже турата откако се соочиле со снежните виулици затоа што условите биле многу лоши, но и покрај тоа продолжиле да се искачуваат.

 

Поврзани новости