Трамп: Америка пред сѐ!

by fokus

-Ќе ја вратиме моќта од Вашингот назад кај вас, кај луѓето. Сите неправди кои ги трпевте минатите години ќе ги надминеме. Ќе ги вратиме работните места, ќе го вратиме економскиот просперитет и лидерството. Од денес САД е ваша земја. Од денес народот повторно ќе владее со својата земја – порача Доналд Трамп во својот инаугурациски говор.

Тој најави дека „од денеска па натаму, нова визија ќе владее со земјата. Од овој момент, ќе биде Америка пред сè“.

Со положувањето заклетва пред Конгресот на САД во Вашингот , Трамп официјално стана 45-тиот претседател на САД. На свечената церемонија присуствуваа илјадници гости и државници. Истовремено, на улиците во Вашингтон имаше немири од демонстранти кои протестираа против Трамп. Протестите брзо станаа насилни, а имаше и судири со полицијата.

Поврзани новости