Трајановски: Цело време бев на терен, катастрофата не можеше да се спречи

by fokus

Жестока расправа на седницата на Советот на Град Скопје за штетите од поплавата во скопско.

Откако опозицијата побара оставка од Коце Трајановски поради како што велат, огромните пропусти во справувањето со поплавата, градоначалникот се бранеше дека катастрофата немало начин да се спречи.

-Јас бев во Скопје, три години не сум отиден на одмор. Бев на терен веднаш. Толкава маса за толку мал период, на толку мала површина, нема фекални канализации, нема атмосферски канализации, нема канали што може да ја прифатат, рече Трајановски.

Градоначалникот повика во моментов советниците да се фокусираат на начини за помагање на населението,а  не како што рече, за собирање политички поени.

Претходно, координаторот на Советничката група на СДСМ Дамјан Манчевски обвини дека градските власти, иако знаеле за невремето, не ги презеле сите потребни чекори за евакуација на населението.

Освен тоа од СДСМ побараа авансната отштета за поплавените од 30 000 да се зголеми на 90 000 денари.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквата идеја на опозицијата е неразумна и велат дека сумата за некого може да биде повеќе од доволна, за некого минималец.

Поврзани новости