Трајанов ќе иницира формирање на собраниска анкетна комисија за Кежаровски

by Фокус

Демократскиот сојуз, дел од владејачката коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ, ќе иницира постапка за формирање на Анкетна комисија во собранието во врска со новинарот Томислав Кежаровски, против кој се води постапка од мај 2013 година, а сè уште нема конечна одлука.

„Обвинението е засновано на докази обезбедени преку кршење на закони е спротивно на Законот за кривична постапка и врз такви докази не може да опстои обвинение. Против Кежаровски има обвинение дека објавил податоци за заштитен сведок, за кој се покажа дека тој сведок ниту видел, ниту слушнал, кој го нарачал, ниту кој го извршил убиството во село Ореше, Велес. Се работи за класичен „крунски сведок” кој бил мотивиран-присилен на соработка со Судот, што е спротивно на Законот за заштита на сведоци и Законот за кривична постапка“, соопштија партијата предводена од пратеникот Павле Трајанов.

Поврзани новости