Тортевски: Ако не го додели мандатот на СДСМ, Иванов може кривично да одговара

by fokus

Адвокатот Александар Тортевски, коментирајќи ги случувањата на политичката сцена, во изјава за „Фокус” вели дека сега, откако Никола Груевски не успеа да формира влада, претседателот Ѓорге Иванов, според Уставот, е должен мандатот да му го додели на СДСМ. Во спротивно, Тортевски вели дека претседателот кривично ќе треба да одговара за злоупотреба на службената положба.

-Од синоќа на полноќ, практично мандатот му е вратен на Ѓорге Иванов. Така што, тој треба сега да ѝ го довери на следната партија според бројот на освоените пратенички мандати. Иванов требаше да прави консултации во првите десет дена, кога мандатот беше кај него. Тоа е време за консултации. Сега веќе мора да оди по редослед. Ако не постапи така, тогаш прави кривично дело- злоупотреба на службена положба – вели Тортевски.

Голем дел од експертската јавност е со ист став со Тортевски и го повикува претседателот итно да назначи нов мандатар. Во провладините медиуми пак, експертите блиски до власта сугерираат Иванов да не го дава мандатот на СДСМ и да има нови избори.

Поврзани новости