Тодоров праќа 21 лекар на специјализација во странство

by Фокус

Министерот за здравство Никола Тодоров од октомври испраќа 19 доктори на специјализација  и двајца на субспецијализација во медицинските центри во Нинберг, Загреб, Љубљана и Белград. Сите лекари кои ќе заминат во странство доаѓаат од болниците во внатрешноста на земјава, како и од двете болници Градска „8 септември“ и болницата за хируршки болести Св. „Наум Охридски“.

Според Тодоров, овие специјализации се во рамки на најавените 70 специјализации во странство, со што, според него продолжува реализацијата на еден многу значаен проект.

– Ова ни е еден од главните фокуси, имајќи предвид дека во минатото еден од поголемите проблеми во здравството беше обезбедување доволен број слободни места за специјализација, па имаше еден добар дел од докторите кои воопшто немаа можност да бидат упатени на специјализација или чекаа повеќе години да бидат упатени на специјализација, особено тоа се случуваше во центрите надвор од Скопје – истакна Тодоров на денешната прес-конференција што ја одржа во Владата.

Поврзани новости