Тодоров: Не сум задоволен од здравствениот систем, но тој е жива материја

by Фокус

По денешниот настан во кој син на почината пациентка пукаше во доктор на скопската Клиника и потоа лекарите ги прекинаа сите операции додека министерот за здравство Никола Тодоров не понесе морална одговорност односно оставка, министерот изјави дека за се што се случува во здравството чувствува морална одговорност, но никој во светот не можел да спречи ваков инцидент.

-Не сум задоволен и не можам да бидам задоволен, затоа што нема човек што може да биде задоволен од кој било здравствен систем, здравствениот систем е жива материја и постојано има проблеми, поентата е дали тие проблеми се решаваат или не, а вакви немили ситуации имало и во минатото, има и денеска и треба да се осудат и виновниците, додаде Тодоров.

По овој настан, министерството донело одлука  на краток рок да се затворат сите останати влезови на клиниката, освен влезот на ургентниот центар и влезот од задната страна и да има строго контролиран влез. Тодоров најави дека и можно и враќање на камерите во ходниците, но рече дека  апсурдно е да се претресуваат сите што влегуваат во болниците.

Поврзани новости