ТМРО се сомнева во изборите, поднесе 675 приговори

by fokus

Политичката партија ТМРО вечерва до Општинските изборни комисии и градот Скопје, поднела приговори за сите 675 избирачки места на територија на Скопје .

-ТМРО има сомнеж  во веродостојноста на изборните резултати со оглед на електронскиот начин на испраќање податоци од Општинските изборни комисии до ДИК , неброењето на гласовите во изборачките кутии од страна општинските изборни комисии и сомнителниот пат на рачните записници до Општинската изборна комисија, пишува во соопштението на ТМРО.

ТМРО инсистира на рачно и јавно броење во Скопје,кутија по кутија на гласачките ливчиња заради утврдување на релевантниот број гласови и отфрлање на секаков изборен сомнеж.

Поврзани новости