Тимоние: Сакате да влезете во ЕУ, мора да се научите на компромиси

by fokus

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние во вечерашното гостување на Телма ја објаснува потребата од тоа македонските партии да се состанат во куќата на Жан Моне во Париз.

-Во моментов ние посакуваме Собранието овде да функционира, но во моментов тоа не функционира како што би требало. Затоа треба да се најде начин подобро да функционира. Ние треба, односно вие треба да ги најдете решенијата. Македонија сака да влезе во ЕУ, каде постојано се постигнуваат компромиси. Прво што треба да направите е да се договорите меѓу себе, вели Тимоние.

Тој порача дека Македонија мора да покаже дека може да бдие функционална демократија.

Поврзани новости