Тие од власта што ви се закануваа ќе одат во затвор, им рече Касами од БЕСА на тетовчани

by fokus

Тие што владееја до сега ќе седат дома, а ние ќе дојдеме на власт и ќе бидеме ваши слуги, им порача претседателот на БЕСА, Биљал Касами, на граѓаните во Тетово каде што денеска се одржа промотивната конвенција на партијата. Од тетовскиот плоштад БЕСА ги промовираше своите кандидати за градоначалници на престојните локални избори.

Мислејќи на ДУИ, кои во исто време имаа промотивна конвенција во Скопје, Касами рече дека некој таму организира конвенции во луксузни услови, а дека БЕСА ја започнува изборната трка од плоштадот наречен Илирија, додаде тој.

-БЕСА ќе го смени досегашното владеење. Ние ќе дојдеме на власт за да работиме за вас, ќе работиме во интерес на граѓаните, на располагање ќе ви бидеме 24 часа. Јас знам дека вие постојано се соочувате со закани од страна на владеачката гарнитура, но ова ќе се смени. Тие кои ви се закануваа и кои се дел од владеачката гарнитура ќе одат во затвор, рече Касами на конвенцијата – порача тој.

Касами е воедно и кандидат за градоначалник на Тетово. Тој им вети на тетовчани дека движењето БЕСА со преземањето на градската власт ќе им овозможи на граѓаните на овој град подобар живот.

– Кога ќе дојдеме на власт ќе работиме Тетово да има подобра инфраструктура и хигиена. Ќе има Тетово подземни паркинзи, нема да имаме загаден воздух, диви депонии – рече Касами.

Поврзани новости