Тевдовски: Државата има долг од 22 милијарди денари поради неплатени обврски

by fokus

Фондовите, јавните претпријатија и општините вкупно должат 22 милијарди денари или 363 милиони евра, заклучно со 31 мај, соопшти министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој рече дека оваа сума не влегува во вкупниот јавен долг на државата, односно дека станува збор за преземени и неплатени обврски.

Само во областа на културата, државата должи 2,4 милијарди денари, и тоа за изградбата на новиот објект на Македонска филхармонија, за проектот за изградба на Драмскиот театар, како и за други големи проекти.

Од јавните претпријатија најмногу должи „Македонски железници Транспорт“ – 2,4 милиони денари, а од Јавните здравствени установи најмногу должи Институтот за трансфузиона медицина – 283 милиони денари.

 

Поврзани новости