Тешка сообраќајка во Ресен, тројца повредени од кои дев деца

by Fokus

Три лица, од кои две деца се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 14.15 часот се случила на локалниот пат за с.Долна Бела Црква-Ресен, информираа од МВР.

Според полицијата, во сообраќајката учествувале „Мерцедес“  со охридски регистарски ознаки, управуван од Џ.М. (46) од ресенско Јанковец и „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (62) од Ресен. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. и осумгодишно момче, сопатник во патничкото возило од с.Царев Двор, ресенско, додека двегодишно девојче се здобилo со телесни повреди. Сите тројца биле задржани на понатамошно лекување во Клиничката болница Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.

Поврзани новости