Тешка сообраќајка во Прилеп, автомобил се превртел, повредено е 20-годишно момче

by Fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Прилеп, кога автомобил се превртел, а сопатникот бил тешко повреден, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа во 03,00 часот на локалниот пат с.Мраморани – с.Дупјачани во Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која Д.П.(21) од Велес управувајќи возило „Сеат Ибица“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од коловозот, по што се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(20) од Велес, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Прилеп, каде е задржан на лекување.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Поврзани новости