Тешка сообраќајна несреќа на Илинденска

by Фокус

Нова сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот Илинденска околу 20 часот, по која едно лице се бори за живот. До несреќата дошло откако се судриле два автомобила и еден мотор.

Тешко повреден е возачот на моторот, кој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар. Според очевидци, возачот на едниот автомбил побегнал од местото на несреќата, а моторциклистот се борел за живот. Истрагата е во тек.

Поврзани новости