Тепачка со ножеви и тупаници во Тетово, еден потешко повреден

by Fokus

Синоќа на половина час по полноќ на улицата Прохор Пчињски во Тетово настанала тепачка помеѓу Ф.Б. (26) и 14-годишно момче од една страна и С.И. (22) и неговиот брат Е.И (28) од друга страна, при што се тепале со тупаници, а биле употребени нож и дрвени предмети, информираа од МВР.

Според полицијата, во тепачката со повреди се здобиле сите учесници во настанот, а Е.И. бил задржан во Клиничката болница во Тетово со повреди во пределот на левото рамо, левата слабина и левата нога, а според лекарите тој е надвор од животна опасност.

На местото на настанот увид извршила екипа од секторот за внатрешни работи во Тетово, при што биле обезбедени предмети кои ќе бидат доставени за вештачење.

Поврзани новости