Темелковски за „Фокус“: На 29 октомври очекуваме потврда на победата во Кисела Вода

by fokus
Кандидатот за градоначалник за Кисела Вода од СДСМ, Филип Темелковски за „Фокус“ изјави дека во вториот круг очекува да се потврди неговата победа од првиот круг.
-Во вториот круг планираме иста кампања како во првиот. Нашите проекти од програмата и начинот на кој сакаме да ја водиме општината да стигне до секој граѓани на општината. Тоа значи мини средби во секое маало, штандови и посета на домаќинствата од нашите активисти, рече Темелковски.
Тој во првиот круг од локаните избори го победи неговиот противкандидат, Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.675 гласа повеќе. Му недостигаа околу 80 гласа за победа во првиот круг.

Поврзани новости