Телма: СДСМ со водство пред ВМРО–ДПМНЕ во скопската изборна единица

by fokus

Коалицијата на СДСМ води со 2,3 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица.

Ова го покажува најновата анкета нарачана од телевизија Телма, која ја истражуваше популарноста на политичките партии во секоја изборна единица.

На анкетата, 24,2 отсто од испитаниците во И.Е1 рекле оти ќе гласаат за СДСМ, 21,9 за ВМРО-ДПМНЕ, 7,6 отсто ДУИ, 2,6 ДПА, 1,7 биле за Коалиција за промени и правда, 3 проценти за Коалицијата ВМРО за Македонија и 3 проценти за алијанса за Албанците.

На национално ниво пак, водството на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е намалено на 3,9 отсто.

Анкетата покажува тесно водство на Никола Груевски пред Зоран Заев во „четворката”, каде ќе има директен судир меѓу двајцата претенденти за премиер. Проекцијата на анкетата на Телма и МЦМС, тука бележи водство за ДПМНЕ од 2,3 проценти.

Поврзани новости