Татко си го пријавил во полиција 14-годишниот син дека украл 10.000 евра

by fokus

Кратовчанец си го пријавил 14-годишниот син во полиција со обвинување дека украл од него околу 10.000 евра. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово, до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе известување против 14-годишникот поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба”.

„Малолетникот, во периодот од 26.04. до 01.05. годинава, искористувајќи згодна прилика и необезбедна врата од подрумска просторија од куќа, лоцирана на ул. „Мирче Ацев“ во Кратово,  сопственост на неговиот татко, влегол внатре и од машки кожен паричник, во кој имало 15.500 евра, 700 американски долари и 20.000 денари во разни апоени, одзел 10.000 евра во апоени од по 500, 200 и 100 евра и 100 американски долари или севкупно околу 620.000 денари“, велат од полицијата.

 

Поврзани новости