Татко пријавил дека син му исчезнал, девет дена е недостапен на телефон

by Fokus

Педесет и три годишен тетовец вчера пријавил дека е исчезнат неговиот 28-годишен син.

Според полицијата, вчера во 19.30 часот А.Б.(53) од Тетово пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син Е.Б.(28). На 09.01.2018 година А.Б. последен пат телефонски разговарал со Е.Б. и истиот бил во Скопје, но од тој ден е  недостапен и не се вратил дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани новости