Тарчуловски час и половина беше испрашуван за крвавиот четврток

by fokus

Јохан Тарчуловски денеска беше на распит во  обвинителството за организиран криминал за настаните на крвавиот четврток во Собранието.

Тој со полициска придружба беше донесен од својот дом, односно од куќниот притвор. Ова е прв негов исказ за насилството во Собранието на 27 април.

-Беше дојден денеска да даде изјава во врска со настаните од 27 април. Изјавата ја даде пред надлежното обвинителство. Сефа е фаза на истрага и не можам да коментирам за тоа, изјави адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски.

 

Поврзани новости