Таравари е во игра за кандидат за градоначалник на Гостивар

by Фокус

Министерот за здравство, Арбен Таравари, е во игра за претстојните локални избори како кандидат за градоначалник на Гостивар од редовите на Движење за реформи-ДПА.

Според партиски извори, Таравари е еден од двајцата кандидати за Гостивар меѓу кои ќе избираат партиските органи, покрај универзитетскиот професор Халил Снопче.

Министерот и генерален секретар на ДР-ДПА вели дека партиските органи ќе донесат конечна одлука дали тој ќе влезе во трка за локалната власт во оваа општина.

Од неговата партија велат дека имаат по неколку кандидати за сите единици на локалната самоуправа, со исклучок на Струга, каде уште отсега е дефинитивно дека партијата ќе настапи со партискиот лидер Зијадин Села.

Неофицијално, партијата за Тетово ќе избира меѓу тројца кандидати – бизнисменот Ајрула Асани, членот на партиското претседателство Аднан Незири и претседателот на партискиот огранок Ариф Селами.

Поврзани новости