Таравари бара од ДПМНЕ документација дека починала пациентка од пукнато слепо црево

by Fokus

Од министерството за здравство денеска излегоа со реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека луѓе умираат, а министерот за здравство Арбен Таравари се сонча.

– Во врска со информацијата дека наводно, пред два дена на клинички центар е однесено 25-26 годишно девојче, кое по кратка евалуација е пуштено дома и истото попладне починува од пукнато слепо црево и труење на крвта, Министерството за здравство информира дека до овој момент, ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ваков случај или пациент. „Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од МЗ и ДСЗИ“, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство ја повика ВМРО-ДПМНЕ како партија веднаш да достават документација, проследена со неопходни информации за случајот кој го споменуваат, до Министерството за здравство и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во спротивно, велат од МЗ, ќе сметаат дека станува збор само за грубо манипулирање на јавноста.

Поврзани новости