Талат покажа што знае во кујната

by fokus

Претседателот на Собранието на Македонија и поранешен министер за одбрана, Талат Џафери ги покажа своите кулинарски способности.

Во емисијата на познатата поп пејачка и водителка Бесјана Касами, за ТВ21 тој ја стави престилката и пред камерите го приготви својот омилен специјалитет, печена риба со компир, моркови и лук.

Освен што се покажа како доста вешт во кујната, тој заедно со водителката разговараше и на повеќе забавни теми, а на крај заедно го пробаа и неговиот специјалитет.

Емисијата ќе биде премиерно емитувана во сабота, на трети февруари, на ТВ21.

Вики Клинчарова

Поврзани новости