Талат Џафери: Собраниска седница ќе има откако мандатарот ќе ја состави новата влада

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека го радува тоа што претседателот Иванов го додели мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Оваа изјава Џафери ја даде по исказот во Јавното обвинителство за крвавите случувања во Собраинето на 27 април.

Иванов, вели Џафери, додека е надвор од државата има време да размисли со ладна глава за одлуките што ги донесуваше досега, со што го попречуваше формирањето на нова влада.

На прашањето, кога ќе биде закажана седницата за состав на Влада, соранискиот спикер изјави дека тоа не зависи од него , туку од мандатарот кој има рок од 20 дена да ја состави новата Влада.

Во врска со насилството во парламентот Џафери изјави дека неговото сведочење ќе помогне во истрагата да се пронајдат сторителите и организаторите на немилиот настан, како и за тоа кој ги отвори вратите на Собранието.

Поврзани новости