Талат Џафери: Иванов ќе направи кривично дело ако за 10 дена не го даде мандатот

by fokus

Ако претседателот Иванов не го даде мандатот во рок од 10 дена за влада на парламентарното мнозинство, тој ќе направи кривично дело. Тој тоа мора да го направи бидејќу Уставот и законите не познаваат такво непостапување, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери за хрватската државна телевизија (ХРТ).

На прашањето дали „тиранската декларација“ го урива суверенитетот на Македонија, Џафери рече дека не се работи за никаква декларација, туку за договор помеѓу партиите за постизборна соработка.

„Хаосот во Македонија е политички мотивиран поради неподготвеност да се предаде власта. За тоа е најодговорен директно Груевски, а индиректно Иванов“, додаде Џафери.

Поврзани новости