Талат Џафери го честиташе „Св. Кирил и Методиј“

by fokus

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од свое и од име на пратениците, упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

-Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Како најголеми поборници за слободата на човечкиот дух, нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот, се наведува во честитката.

Според Џафери, просветлувајќи се најпрвин себе, Кирил и Методиј, преку христијанската вера, со своите дела покажале дека просветлен и просветен човек е оној кој е добар и праведен, кој е вистинољубив и човекољубив.

Поврзани новости