„Тајното место“ на Тоше ќе биде откриено на пролет

by fokus

Четвртиот постхумен албум на легендарниот Тоше Проески ќе биде промовиран на голем концерт кој е планиран во соработка со Министерството за култура, на пролет, во месец април или мај.

Албумот е насловен ,,Secret place’’ (Тајно место) и содржел десет песни на англиски јазик. Бил изработен во студиото на продуцентот Енди Рајт во Англија, а една од песните е испеана од Кристијан Ристески, внукот на Тоше.

Како што информираа од фондацијата ,,Тоше Проески’’ вчера, по повод неговиот 37 – ми роденден, се подготвувале три спота за три песни од самиот албум. Едниот спот бил снимен во Крушево, родниот град на музичката ѕвезда, другиот во студио, а третиот во македонската филхармонија.

Спотовите и сите нови песни ќе биле промовирани на големиот концерт, кој бил еден вид на продолжување на активностите на настанот ,,Деценија без Тоше’’ кој започна лани.

Од Општина Крушево пак, информираат дека се очекува оваа година да започне изградбата на новиот вечен дом на Тоше, за кој владата одвои 150.000 евра. Се правеле идејни проекти, а се работело во координација со семејството на Проески.

По повод одбележувањето на роденденот на Тоше, вчера во Крушево се одржа скромна културна манифестација, но и крводарителска акција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости