Тачи: Одлуката на Иванов да не го потпише Законот за јазици е за жалење

by fokus

Во интервју за Дојче веле, косовскиот претседател Хашим Тачи ја критикува одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците. Таа одлука не може да се запре, вели Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да не го потпише законот за јазиците е „производ на надминат менталитет“. Тачи го критикува својот македонски колега, кој се изјасни дека законот за јазиците, така како што беше усвоен, содржи многу пропусти и неправилности. Иванов деновиве на 14 страници образложи што смета дека е во спротивност со Уставот и со Рамковниот договор во донесениот закон.

Тачи вели дека „високо го цени гласањето за официјализирање на албанскиот јазик“ во парламентот. Но одлуката на Иванов ја смета за „жална“.

„Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење“, вели Тачи во интервјуто за ДВ.

 

Поврзани новости