Тачи: Јас сум единствениот албански лидер!

Ако освојам само еден пратеник, ќе влезам во власта, тврди лидерот на ДПА Мендух Тачи, додавајќи дека е единствениот албански лидер, веројатно алудирајќи дека поддршката на неговата партија се заснова исклучиво на Албанците.

– Информиран сум за сите притисоци и непријатности кои ги имавте за време на гласањето, но сето тоа ќе го пребродиме заедно. На крајот, сепак, народот е тој кој ќе одлучи кој ќе биде власт, а кој ќе биде опозиција. Јас ви ветувам дека со еден пратеник ќе влезам во власта. Многу време треба да се издвои за да се објаснат сите лаги на Дуи и Али Ахмети – рече Тачи на митингот во Струга.