Светот воодушевен од шармантната сопруга на Макрон, повеќето Mакедонци потресени: Како бре дете, те прелагала учителката?

by fokus

Aко се суди според коментарите на социјалните мрежи, Mакедонците се меѓу најзагрижените поради старосната разлика од 25 години помеѓу новиот француски претседател Емануел Макрон и неговата гламурозна сопруга Брижит.

Фактот што елегантната и полна со самодоверба Брижит, е шеесет и четири годишна жена, додека нејзиниот сопруг Емануел е во, како што се вели, најдобрите години за мажите и има 39, ги предизвика злите јазици. И додека Франција и целиот свет ја поддржа поранешната учителка на Макрон и ја опишува како жена со изграден моден стил и карактер, доследна да бида прва дама во Елисејската палата, голем дел од Македонците не можат да се воздржат од погрдни коментари.

,,Дојди баба да ти купи лижавче’’ ,,Бабофил’’ ,,Мама ќе ја води државата’’ ,,Теткофил’’ ,,Мајка и син, и ние ли сакаме во ЕУ’’ ,,Го прелагала учителката’’ и слични коментари од утринава се вртат по социјалните мрежи.

Голем дел од загрижените за приватниот живот на Макрон се дури и јавни личности, кои што не ги кријат своите предрасуди околу темава.

,,Со оглед на тоа што Макрон е оженет со својата учителка , а нивната врска почнала уште во училиште, се наметнува прашањето дали новиот француски претседател е оженет со педофил???’’ – пишува поранешниот портпарол на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, по што добива коментари со поддршка, но и интересен став од негова пријателка, која тврди – Трамп убаво си направи, си зема супер женска, секоја чест. Французиве не се пребирливи!

Кога веќе се спомнува американскиот претседател Доналд Трамп, како мало потсетување, и разликата во години помеѓу него и сопругата е 24 години, односно Доналд се венчал со неа во времето кога имал 59 години, а Меланија 35.

Иако разликата во години помеѓу животните партнери на Макрон и Трамп е речиси иста, сепак кај нас едниот е мета на навреди, а другиот издигнат како супер маж.

И додека дел од нашата јавност се уште е во состојба на благ шок, светските медиуми се воодушевени од Бриџит и се навраќаат на историјата на Франција, потсетувајќи дека Французинките, се општо познати како едни од најодржаните и средени жени, секогаш имале афинитети кон помлади мажи. Наполеон на пример, бил лудо вљубен во седум години постарата Жозефина, кралот Хенри Втори во дваесет години постарата Диана Д Поитиерс, на која што и останал верен се до нејзината смрт.

,,Французите сакаат да имаат шик, шармантни и духовити жени. Овие карактеристики се многу малку поврзани со младоста, туку напротив, потребно е искуство за да се поседуваат. Кога се спомнува парот Макрон, универзално, ви доаѓаат искри во очите. Тоа покажува дека има надеж за Французинките од било кое доба, но и за сите млади Французи’’ – пишува денес британски Телеграф, давајќи и голема поддршка на Брижит.

Вики Клинчарова

 

 

Поврзани новости