Свечена академија по повод денот на независноста

by Фокус

По повод 8 септември, Денот на независноста, вечерва ќе се одржи Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Свечената академија ќе се одржи во Македонскиот народен театар со почеток во 19 часот.

На академијата е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

По повод 23 години од Денот на независноста, честитка пристигна и од претседателот Ѓорге Иванов.

„Се радувавме на стекнатата независност, издржавме пред бројните искушенија и, покрај се, останавме доследни на нашиот праведен пат. Патот беше трнлив, но ни помогна да изградиме силно чувство за сопствената држава, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни. Денес сме горди што успеавме да ја изградиме Македонија како демократска држава во која владее правото. Посветени кон остварување на нашата европска и евроатлантска иднина, ја отворивме Македонија кон светот и ја направивме меѓународно призната и почитувана.  Продолжуваме да ја градиме Македонија како економски силна и развиена, напредна и успешна. Македонија во која се негува вековната традиција на соживот, прифаќање и почитување на различноста, држава на благосостојба и солидарност, земја на иновации и нови технологии“, се вели во соопштението на Иванов.

 

 

Поврзани новости