„Св. Кирил и Методиј“ – најдобар државен универзитет, Teтовскиот најслаб

by fokus

Последното рангирање на истражувачкиот шпански центар „Вебометрикс“, покажа дека од македонските државни универзитети, најдобар е „Св. Кирил и Методиј“ кој е на 1.519 место, објави Радио МОФ.

По него се најде штипскиот универзитет „Гоце Делчев” на 3.491 место, а веднаш по него е Универзитетот на Југоисточна Европа со ранг од 4.648 место.

На четврто место од македонските универзитети е битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ кој е на 5.191 место, а на петто место е Државниот тетовски универзитет кој годинава е позициониран на 6.776 место.

Сепак УКИМ бележи пад во споредба со пред пет години за 51 место. Битолскиот тогаш бил на 3.457 место, а сега е 5.191, што значи дека паднал на листата за дури 1.734 места. Универзитетот на ЈИЕ пред пет години бил на 7.580 место, а сега е на 4.648 место, што е скок за дури 2.932 позиции.

Поврзани новости