Судот одлучил за барањата за притвор за Груевски, Мијалков, Јанкулоска, ама одлуката ќе ја соопшти утре

by fokus

Судот вечерва објави дел од одлуките за барањата за притвори и мерки за претпазливост, но не ги објави одлуките за првите луѓе на поранешната власт.

-Во однос на предлозите од СЈО кои веќе се распоредени и се во работа пред Кривичните совети од одделението за Организиран криминал и корпуција, по писмена изработка на одлуките и нивно доставување до странките, јавноста ќе биде дополнително информирана во текот на утрешниот ден, се вели во соопштението на Судот.

Јавноста во текот на утрешниот ден ќе дознае дали Кривичниот совет одредил притвор за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски и останатите.

Поврзани новости