Судијата им објасни на Груевски и Јанакиески зошто „бомбите“ ќе се користат во судската постапка

by fokus

Судијата Горан Бошевски и на денешното судење во Кривичниот суд ги одби приговорите на одбраната која ги застапува обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, во предметот „Траекторија“, за изградбата на кинеските автопати.

Одбраната приговараше аудио сниките и смс пораките да не се користат како материјални докази во постапката, но судијата објасни дека независно што тие се креирани на незаконит начин, сепак од СЈО се предадени на законит начин и можат да се користат во постапката.

-Транскриптите од снимките не се доказ, туку помошно средство – рече судијата.

Тој апелираше до СЈО, прислушуваните разговори да и ги даде на ЦД на одбраната, како што бараат обвинетите, но остави Обвинителството да реши за тоа.

Како дел од доказниот материјал во овој случај се 315 аудио-снимки. Судењето за „Траекторија“ почна од почеток на 31 јануари поради променет судечкиот совет.

Во „Траекторија“, Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Поврзани новости