Судењето за „шамарите“ одложено за 28 септември

by Fokus

Рочиштето за нарачаните шамари во Општината Центар за градоначалникот Андреј Жерновски од страна на екс премиерот Никола Груевски се одложи за 28 септември.

Судењето се одложи бидејќи списите на предметот се наоѓаат во Апелациониот суд. Тие биле доставени таму бидејќи второстепениот суд одлучува по жалбите на СЈО, што ги поднесоа откако судијката ги казни со парични казни од по 2.000 евра.

Претходно во Основниот суд 1 во Скопје пристигнаа Даниела Рангелова, Миле Јанакиески и обвинетиот лидер на опозицијата, Никола Груевски, за кои СЈО поднесе обвинение.

Поврзани новости